Кинески CATL развил батерија што трае 2 милиони км
Објавено на 10.06.2020 во Новости
Кинеската компанија Contemporary Amperex Technology Co. Ltd (CATL), специјализирана за производство на батерии, може да направи пресврт со новата батерија. Се очекува новата батерија да истрае 2 милиона километри, што во просек би било еднакво на 16 години.
„Доколку некој сега направи нарачка, ние сме подготвени за производство“, соопштува Ѕенг Ѓукуен, првиот човек на извршниот одбор на кинескиот гигант.
Инаку, оваа кинеска компанија произведува батерии за електричните возила на Tesla и Volkswagen, а моменталните батерии траат до 240.000 километри, т.е. 8 години.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.