Google Maps со надградба што ги предупредува корисниците за COVID-19

Објавено на 10.06.2020 во Новости



Google Maps со надградба што ги предупредува корисниците за COVID-19

Во најновата надградба на Google Maps за Android и iOS, корисниците на сервисот ќе добијат предупредување дали некои од мерките против коронавирусот ќе ја опфатат и нивната рута на патување.

Предупредувањето ќе се однесува на тоа што корисниците ќе бидат предупредени дали треба да носат заштитна маска на одредени области или доколку има контролни точки на одредена рута или други ограничувачки фактори за движење.

Патувањето од точката A до точката B овие денови може да биде покомплицирано одошто порано. Поради COVID-19 се поважно е да се знае во кое време станиците на јавниот превоз би можеле да бидат преполни или дали вози локален автобус со посебен возен ред, пишува Рамеш Нагарајан на официјалниот блог на Google, директор за управување со производите во Google.

Сообраќајните предупредувања нема да ги има насекаде низ светот. Најпрво тоа ќе се појави во Австралија, Велика Британија, САД, Аргентина, Белгија, Бразил, Колумбија, Франција, Индија, Мексико, Холандија, Шпанија и Тајланд.