Nintendo призна дека 300 илјади корисници на Switch се хакирани

Објавено на 10.06.2020 во Новости



Nintendo призна дека 300 илјади корисници на Switch се хакирани

Nintendo беше претходно хакиран и сега излезе со точни цифри, дека биле хакирани 160 илјади кориснички профили. Во текот на истрагата, која се уште трае, се откриени дополнителни 140 илјади компромитирани профили, и тоа не само корисници на Switch, туку и на Nintendo 3DS и Wii U.

Истрагата како хакерите извршиле напад врз системот на Nintendo се уште трае и не е откриено како се случило тоа. Сега со сигурност знаеме дека корисниците со Nintendo Network ID се загрозени, кои користеле Nintendo 3DS и Wii U конзоли и Nintendo Switch. Nintendo ги советува сите корисници да ги променат своите лозинки, без разлика дали нивните профили се компромитирани или не, како и да активираат двостепена автентификација за вклучување на профилот.

Автор: Aleksandar Stankov