Марс ќе се гради во Дубаи

Објавено на 12.06.2020 во Новости



Марс ќе се гради во Дубаи

Дубаи е богат град, каде можеме да најдеме плажи и ски центри истовремено, каде што имаме неверојатно високи згради до облаците. Новиот проект на Дубаи е изградба на Марс, со оглед на тоа што населувањето на Марс станува се поактуелна тема.

Обединетите Арапски Емирати во 2017 година соопштија дека се планира колонизирање на Марс за 100 години. Архитектите веќе ги проектираат градовите на Марс и затоа се планира изградба на прототип надвор од градот Дубаи. „Марс сајенс сити“ или „Научен град на Марс“ ќе се простира на површина од 176.000 метри квадратни во пустината, што е еднакво на 30 фудбалски игралишта, што ќе чини 135 милиони долари. 





Прочитајте повеќе: