Android 11 со нова алатка за поврзување со надворешниот свет

Објавено на 12.06.2020 во Android



Android 11 со нова алатка за поврзување со надворешниот свет

Google ја претстави пробната верзија на Android 11, кој ќе пристигне со иновација што досега ја немаше. Новиот оперативен систем ќе биде со нова алатка Controls, наменета за употреба на кредитна картичка, за отклучување на автомобилот или вклучување на фенер, без да се измачите да барате соодветна апликација. 

Сите функции поврзани со технолошките уреди во домот, сега ќе ги бидат достапни со копче, наместо со апликација. Ален Хуанг, менаџер во Google, објаснува дека новата опција е замислена со цел да се поврзе корисникот со физичкиот свет. „На ова гледаме како на дигитална верзија на паричникот и клучевите“, вели Хуанг.

Автор: Aleksandar Stankov