Samsung Galaxy Tab S7 рендери - Противникот на iPad Pro 11

Објавено на 12.06.2020 во Новости



Samsung Galaxy Tab S7 рендери - Противникот на iPad Pro 11

Знаеме дека Galaxy Watch 3 и Buds Live ќе бидат откриени следниот месец пред дебитирањето на големото Note 20 дуо, Fold 2, и Z Flip 5G, исто како и Galaxy Tab S7 и S7+ 5G. Се уште немаме конкретни спецификации за таблетот, но @OnLeaks во овој момент ни нуди слики со рендери за таблетите.

Класичниот Tab S7 ќе биде со масивен 11-инчен дисплеј, кој ќе се натпреварува со помалиот iPad Pro (2020). 11-инчениот Galaxy Tab S7 ќе биде повисок од неговиот претходник со 253,7 мм. Зголемување ќе има исто така и во широчината и дебелината. Затоа пак, ќе има голем скок во батеријата од 7,040 на 7,760mAh.