Apple најави WWDC стриминг настан за 22 јуни

Објавено на 12.06.2020 во Новости



Apple најави WWDC стриминг настан за 22 јуни

Поради COVID-19, Apple мораше да ја закаже WWDC Developer Conference како онлајн настан. Настанот на 22 јуни може секој да го гледа слободно што ќе се стрима од Apple Park. Тогаш ќе слушнеме повеќе информации за iOS 14, iPadOS 14, watchOS 7 алатките и повеќе. Стриминг настанот почнува во 23:00 часот по наше време (CET).

Над 100 сесии ќе бидат стримувани од 23 јуни до 26 јуни, кои ќе ги откријат новите технологии и дизајни за следната генерација на апликации. На истите дати, членовите на Apple Developer Program што е дел од Apple Developer Enterprise Program ќе може да закажуваат состанок со цел да добијат дополнителни инструкции за имплементирање на новите алатки. WWDC стримингот ќе биде достапен на Apple Developer веб страницата или апликацијата. Апликацијата може да ја преземете слободно од App Store.