Adobe ја лансираше бесплатната Photoshop Camera за фантастични слики

Објавено на 12.06.2020 во Новости



Adobe ја лансираше бесплатната Photoshop Camera за фантастични слики

Adobe по неколку месеци на бета тестирање конечно ја лансираше новата мобилна апликација Photoshop Camera за уредување на слики направени со смартфон, со посебен акцент на уникатни филтри и ефекти.

Photoshop Camera апликацијата на Adobe исто така има систем на вештачка интелигенција која дава предлози како одредена селфи слика да се подобри. Посебен филтер е изработен со поп ѕвездата Били Ајлиш.

Со Photoshop Camera исто така може да се уредуваат портрети, слики од храна и други содржини за Instagram и останатите социјални мрежи. 

Photoshop Camera може бесплатно да ја преземете за Android и iOs

Автор: Aleksandar Stankov