Google Stadia напредува, но недоволно брзо

Објавено на 12.06.2020 во Новости



Google Stadia напредува, но недоволно брзо

Google го зголеми бројот на смартфони кои се компатибилни за инсталирање на cloud платформата за мобилен гејминг, но и натаму постојат голем број на ограничувања.

Од една страна не се наведени никакви хардверски минимални спецификации за корисниците да знаат дали нивниот смартфон може да понуди поддршка за Google Stadia софтверот.

Од друга страна, само во 14 држави во светот како САД и поголемите европски земји досега имаат пристап до Google Stadia, а останатите региони и натаму ќе треба да го чекаат cloud стриминг сервисот со претплата за неограничен пристап до видео игри.