Xiaomi наскоро почнува со бета тестирање на Android 10

Објавено на 12.06.2020 во Новости



Xiaomi наскоро почнува со бета тестирање на Android 10

Xiaomi ќе биде меѓу првите мобилни брендови кои наскоро ќе започне со бета тестирање на новата верзија на оперативниот систем Android 11, а први уреди кои ќе ја имаат оваа можност ќе бидат моделите од премиум серијата на Xiaomi Mi 10.

Засега корисниците на Xiaomi Mi 10, Xiaomi Mi 10 Pro и Poco F2 Pro ќе може да се регистрираат за инсталирање на бета верзијата на Android 11 која ќе трае неколку месеци, се до наесен кога ќе се реализира официјалната надградба на оперативниот систем.

Овој период Xiaomi ќе го искористи и за усовршување и унапредување на корисничкиот интерфејс MiUi за сите останатите смартфони да имаат корист од новите функции.