Snapchat претстави нови алатки за доброто на корисниците

Објавено на 13.06.2020 во Новости



Snapchat претстави нови алатки за доброто на корисниците

Snapchat претстави цела низа на нови опции смислени за да ги едуцираат и да им помогнат на нивните корисници полесно да се носат со стресот и другите потенцијални ментални проблеми.

Како што истакнуваат од Snap, алатките се резултат на истражување спроведено една година порано. „Откривме дека поголем дел од нашите корисници чувствуваат стрес и анксиозност, а токму нивните пријатели се првите што ги контактираат кога им треба помош. Своите пријатели исто така ги гледаат како најпозитивно влијание во својот живот“, велат од Snap.

Така има нови опции за пријателите да го информираат Snapchat дека се загрижени за своите пријатели и потоа се испраќаат корисни линкови до пријателот што би можеле да помогнат, како што се информации за итни служби или кој да се контактира доколку некој размислува за самоубиство. Така е смислена и новата алатка "Friends Check Up",  и "Here for you".