Twitter избришал повеќе од 170.000 профили

Објавено на 13.06.2020 во Новости



Twitter избришал повеќе од 170.000 профили

Twitter отстрани над 170.000 профили поради кампањата во Кина против протестите во Хонг Конг, COVID-19 и изборите во Тајван. Профилите се отстранети поради државната кампања на Кина против протестите во Хонг Конг. 

Целта на кампањата била да се влијае кај луѓето што се надвор од Кина, бидејќи во Кина нема пристап кон Twitter. Аналитичарите анализирале 348.608 твитови во периодот од јануари 2018, до април 2020 година, при што утврдиле дека повеќето твитови се објавени во работно време во Пекинг, од понеделник до петок. Таргет групите биле луѓе што живеат во Хонг Конг и кинеската дијаспора.

Автор: Aleksandar Stankov