SpaceX е спремен за нова историска мисија

Објавено на 13.06.2020 во Новости



SpaceX е спремен за нова историска мисија

Нема одмор за SpaceX и Илон Маск, после успешното летање на американските астронаути на Меѓународната вселенска станица (ISS), SpaceX лансираше нова ракета со сателити Starlink, а испланирана е уште една мисија и испраќање на 58 нови сателити во вселената.

Тоа ќе биде деветтото лансирање на ракетата на SpaceX - Falcon 9, оваа година и вкупно деветто лансирање на сателитите Starlink, со што Маск е се поблизу до својата цел - поставување на доволен број на сателити за овозможување на интернет врски со луѓето на Земјата.

Планот е да се понуди оваа врска кон крајот на годинава во САД, а како што бројот на сателити ќе се зголемува, со текот на времето сателитите Starlink ќе овозможат глобална покриеност со интернет. Денешното лансирање на ракетата на SpaceX ќе биде историско, велат од компанијата.