Huawei Mate 40 5G се очекува во Q4 2020

Објавено на 14.06.2020 во Новости



Huawei Mate 40 5G се очекува во Q4 2020

Huawei очекува голема продажба на идниот модел Huawei Mate 40 5G, па затоа ќе произведе 8 милиони парчиња од Mate 40 во последното тримесечје на 2020 година. Тогаш ќе се лансира и новиот Mate 40, т.е. во месец октомври.

Се уште не е официјално, но дефинитивно се очекува кинескиот бренд да произведе 8 милиони парчиња од Huawei Mate 40 и Mate 40 Pro на крајот на годината, кои се наменети главно во Кина. Се разбира, компанијата ја донела оваа одлука поради ограничувањето на користењето на Google сервисите. Mate 40 серијата се очекува да пристигне со Kirin 1020 процесор изработен со 5 нанометарски процес на производство, што значи дека ќе биде еден од најбрзите чипови на пазарот.