Facebook додава Face ID технологија во Messenger апликацијата

Објавено на 15.06.2020 во Новости



Facebook додава Face ID технологија во Messenger апликацијата

Facebook воведува нов начин на испраќање пораки на чет во Messenger апликацијата. Се тестира новата биометриска технологија - Face ID или Touch ID, во зависност од уредот што го поседувате, како нов начин на идентификација и заштита.

„Сакаме да им овозможиме на корисниците повеќе избор и контрола со цел да ги заштитат приватните пораки. Почнавме со тестирање на функција што овозможува отклучување на апликацијата со помош на подесување на уредот“, изјавија од Facebook

WhatsApp лани доби поддршка за Face ID и Touch ID технологија, која е во сопственост на Facebook исто така.