Калапи за идната серија на Apple iPhone 12 5G

Објавено на 16.06.2020 во Новости



Калапи за идната серија на Apple iPhone 12 5G

Многу Apple фанови велат дека досега најубавиот iPhone им е четвртата серија - iPhone 4, онаа што ја стилизираше Стив Џобс. Големите вести за оваа година се дека iPhone 12 серијата ќе ги врати рамните рабови на iPhone 4

Досега се изнагледавме на дизајни со заоблени рабови, редно време е да одиме на ретро, така велат критичарите. На Twitter е откриена новата iPhone 12 2020 серија.

iPhone 12 Plus и iPhone 12 Pro ќе бидат со 6.1-инчен дисплеј, при што 5.4-инчениот дисплеј на калапот, како што можеме да видиме, ќе му припадне најверојатно на iPhone 12, додека iPhone 12 Pro Max ќе биде со 6.7-инчен дисплеј. 





Прочитајте повеќе: