Американските компании ќе соработуваат со Huawei за 5G мрежата

Објавено на 16.06.2020 во Новости



Американските компании ќе соработуваат со Huawei за 5G мрежата

Доналд Трамп минатата година ја забрани соработката на Huawei со американските компании и користењето на нивната технологија. Најавени се промени од САД неделава, со што ќе се овозможи соработка со кинеската компанија поврзана со поставувањето на стандарди за развој на 5G технологијата.

Поради забрана за соработката со Huawei, американските компании се исклучени од разговорите околу поставувањето на одредени технички норми, поради што нивните конкуренти биле во предност, што со новата одлука сакаат да го променат. Со новиот потег не е дека Американците сакаат да му помогнат на Huawei, туку дека не сакаат тие да заостануваат зад светот при развојот на 5G мрежата.

Автор: Aleksandar Stankov