Instagram повеќе се користи како извор за информации од Тwitter

Објавено на 17.06.2020 во Новости



Instagram повеќе се користи како извор за информации од Тwitter

Instagram се покажал како подобар извор за информации од Twitter, тврди најновото истражување на Институтот на Ројтерс за дигитални вести, 2020 година. 25% од младите на возраст од 18 до 24 години од Велика Британија, го користат Instagram како извор на вести за коронавирусот.

26% од испитаниците одговориле дека им веруваат на социјалните медиуми како извор на информации, а сличен процент е и кај оние што веруваат во вестите што се споделуваат преку апликациите Facebook Messenger и WhatsApp. 59% имаат доверба во националните влади и новинарските организации.