Apple повторно под лупата на Европската Унија

Објавено на 17.06.2020 во Новости



Apple повторно под лупата на Европската Унија

Европската Унија покренала антитрустовски истраги за платформата за плаќање на Apple, поради основано сомнение дека технолошкиот џин ја уништува пазарната конкуренција. Европската комисија појасни дека Apple одбива да овозможи пристап кон својот платежен систем во одредени случаи, ограничувајќи го пристапот на "tap and go" фукнцијата на iPhone уреди.

Втората истрага е започната за App Store, затоа што девелоперите се ограничени во известувањето на корисниците на iPhone и iPad за начинот на купување на надворешни апликации во iOS оперативниот систем. Изгледа дека Apple зема улога на „чувар на врата“ кога станува збор за дистрибуција на апликации и содржини кон корисниците на популарните уреди на Apple, вели Маргарет Вастагер, извршната потпретседателка на ЕК

Apple ги отфрла обвинувањата на Европската Унија како неосновани, уважувајќи ги обвинувањата од компаниите што сакаат „бесплатно возење“ и не сакаат да играат по истите правила како сите други.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: