Facebook ја воведува опцијата за испраќање пари директно од WhatsApp

Објавено на 17.06.2020 во Новости



Facebook ја воведува опцијата за испраќање пари директно од WhatsApp

Facebook ќе има нова опција за плаќање и конечно почнува со монетизација на апликацијата што ја плати 20 милијарди долари. Пари ќе може да се испраќаат до контакти директно од WhatsApp.

Новата опција моментално е достапна само во Бразил, кој е вториот најголем пазар за овој сегмент. Кога ќе ја поврзете вашата сметка со WhatsApp, испраќањето пари ќе ви биде едноставно како испраќање пораки. Пред да ги испратите парите ќе мора дополнително да внесете 6-цифрена лозинка или да потврдите трансакција преку биометрија. Најважно е тоа што испраќањето пари до контактите ќе биде потполно бесплатно, така што Facebook ќе им зема провизија од 3,99% на компаниите за плаќањето за нивните услуги и производи.