Почнуваат пријавите за вселенскиот интернет на Маск

Објавено на 18.06.2020 во Новости



Почнуваат пријавите за вселенскиот интернет на Маск

Вкупниот број на сателити со коишто SpaceX ќе им обезбеди интернет на луѓето на Земјата, ја надмина цифрата од 500 и се поблизу е денот кога луѓето од цел свет ќе може да сурфаат со мрежата од вселенскиот интернет на Илон Маск. Неделава веќе започна тестирањето на Starlink интернетот, при што на нивната официјална веб страница сега може да се остави мејл адреса на која ќе ви пристигнуваат информации за достапноста на сервисот за одредени области.

Уште ова лето се очекува бета тестирање на сервисот, по што следува јавно тестирање. Следниот чекор ќе биде покренување на комерцијалниот сервис преку кој милиони луѓе добиваат нова можност за пристап кон интернет. 

Автор: Aleksandar Stankov