Поради акциската цена од 95 евра на PlayStation 4 настана хаос
Објавено на 19.06.2020 во Новости
Полицијата интервенирала поради хаосот што настанал пред француски Lidl, кој го понудил PlayStation 4 за неверојатно ниска цена од 95 евра. Тоа се случува поради очекувањето на претстојниот PlayStation 5, па сега се прави чистка на залихи.
Вработените во градот Оргевал во близина на Париз, споделиле информации на социјалните мрежи за акциската цена на PlayStation 4 во верзија од 500GB за само 95 евра. Нивните објави брзо се прошириле на интернет и привлекле големо внимание. Поради хаосот морала да реагира и полицијата, па затоа Lidl одлучил да не ја отвори продавницата, па затоа продажната акција во продавницата е откажана.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.