Motorola ќе лансира Lite верзија на Moto Edge

Објавено на 19.06.2020 во Новости



Motorola ќе лансира Lite верзија на Moto Edge

Motorola Mobility наскоро ќе лансира Lite верзија на квалитетниот смартфон Moto Egde која ќе има сличен дизајн, одлични перформанси при пониска цена која засега не е позната.

Потврдата за Motorola Moto Edge Lite доаѓа од сертификатот доделен од FCC агенцијата. Исто така за Motorola Moto Edge Lite е познато дека ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 765G процесор со поддршка за 5G мобилна конекција.

Moto Edge Lite ќе располага со 6 GB RAM, 128 GB основна вградена меморија, како и батерија со капацитет од 4700 mAh со брзо полнење.

Автор: Aleksandar Stankov