Sophia е доказ дека роботите помагаат против коронавирусот

Објавено на 20.06.2020 во Новости



Sophia е доказ дека роботите помагаат против коронавирусот

Познатиот астрофизичар Нил ДеГрас Тајсон ја прими во своето студио како гостинка најпознатата роботка во светот Sophia. Благодарение на овој разговор можеме полесно да видиме како AI и роботите размислуваат за пандемијата и како да се извлечеме од моменталната ситуација. 

Sophia е позната по тоа што има дури и државјанство, кое го доби од Саудиска Арабија, но и по изјавата дека човештвото треба да се уништи. Околу 15 минути роботот зборуваше како вештачката интелигенција им помага на луѓето, а во Кина веќе се употребува за поставување на дијагноза од COVID-19 и тоа со прилагодување на софтверот што се користи за анализа на снимки од белите дробови за дијагностицирање на рак.