Враќањето на COVID-19 повторно ги затвара Apple продавниците во САД

Објавено на 20.06.2020 во Новости



Враќањето на COVID-19 повторно ги затвара Apple продавниците во САД

Цел свет беше заклучен повеќе од 2 месеца поради коронавирусот, па ситуацијата почна да се подобрува. Децата се вратија на училиште и вработените во своите канцеларии, а угостителските објекти се отворија. Луѓето се опуштија и се обидоа да го вратат животот пред „короната“.

Како што предупредуваа епидемиолозите, вирусот е се уште присутен и има опасност од негово ширење, што веќе се случува насекаде. Така компанијата на Тим Кук најави дека повторно ќе ги затвори своите продавници како мерка за претпазливост додека не се подобри ситуацијата. Затворени се вкупно 11 продавници во четири сојузни американски држави, вклучувајќи ја и Флорида, која би можела да стане големо жариште за епидемија во САД. Инаку, Apple во светот има околу 510 продавници, а во САД има само 271 продавница.
 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: