Google казнет во Франција со 50 милиони евра

Објавено на 21.06.2020 во Новости



Google казнет во Франција со 50 милиони евра

Google ќе плати драконска казна од 50 милиони евра, одреди највисокиот суд во Франција. Причината за казната е тоа што компанијата не била „доволно јасна и транспарентна“ во споредба со правата на Android корисниците за заштита на личните податоци.

Google прв пат беше казнет во јануари 2019 година, но компанијата поднесе жалба до Државниот совет, највисокото судско тело во Франција, кој донесе конечна одлука дека Националната комисија за заштита на податоците има право да го санкционира Google за да плати казна од 50 милиони евра.