Инвеститорите го одбиле 80 пати, влегол во Apple и сега е запишан во историјата

Објавено на 22.06.2020 во Новости



Инвеститорите го одбиле 80 пати, влегол во Apple и сега е запишан во историјата

Многу е важно да се биде упорен и да верувате во себе и она што го правите најдобро можеме да го видиме со примерот на Тони Фадел. Познат е како „таткото на iPod“. На почетокот на 2000 година пристигнал во Apple како консултант, но неговата идеја за малиот музички плеер со вграден хард диск, како и онлајн продавниците преку кои може едноставно да се купува музика, го привлече вниманието на Стив Џобс.

Благодарение на iPod, под крилата на Фадел, Apple доживеа уште поголем успех кој само продолжи со iPhone, на кој исто така работел Фадел. Од 2008 до 2010 бил и советник на Стив Џобс. После заминувањето од Apple, ја покренал компанијата Nest Labs, која во 2014 година ја купил Google. 

Ретко кој знае дека Тони Фадел ја почнал кариерата во General Magic, каде работел на развој на комуникациска технологија преку дланката. Потоа влегол во Phillips, а подоцна ја отворил сопствената компанија Fuse Systems. Неговата компанија имала 80 излагања пред инвеститори и фондови, но сите 80 му покажале палец надолу и го одбиле. Како и да е, човекот направил пресврт на пазарот, а тоа го успеал во Apple со Стив Џобс. 





Прочитајте повеќе: