Новиот Huawei EMUI 10.1 нуди многу новитети за корисниците

Објавено на 22.06.2020 во Новости



Новиот Huawei EMUI 10.1 нуди многу новитети за корисниците

Huawei го објави почетокот на ажурирањата на EMUI 10.1 низ целиот свет. Корисничкиот интерфејс EMUI 10.1 за прв пат беше претставен за време на лансирањето на серијата P40 во март годинава. Тој е изграден врз дистрибуираната технологија на Huawei, која им нуди на корисниците комплетно и непречено искуство во сите можни сценарија меѓу сите уреди. EMUI 10.1 на Huawei ветува иновација која ги надминува хардверските ограничувања, дозволувајќи соработка помеѓу различни уреди како никогаш досега.

Дистрибуираниот екосистем овозможува меѓусебно поврзување на неколку уреди кои може да работат заедно како еден супер уред, нудејќи попаметно искуство во сите сценарија и дополнително да ја зајакнуваат постојната соработка помеѓу различни екрани и уреди. Корисниците ќе забележат значителни промени во основниот дизајн во целокупното корисничко искуство и подобрувања во перформансите и безбедноста.

До крајот на јуни, Huawei ќе започне со ажурирања на EMUI 10.1/Magic UI 3.1. за следниве модели на македонскиот пазар: HUAWEI P30, HUAWEI P30 Pro, HUAWEI Mate 20, HUAWEI Mate 20 Pro, HUAWEI nova 5T, HUAWEI Mate Xs, HUAWEI P40 lite, HUAWEI MatePad Pro.
 
Промени во корисничкиот интерфејс

EMUI 10.1 е дизајниран врз основа на принципот воведен во EMUI 10 – Beyond Beauty. Новите дополнувања и подобрувања го оптимизираат искуството на корисниците за да ги максимизираат придобивките од дистрибуираниот екосистем.

Со EMUI 10, Huawei ја објави и функцијата Always-On Display (AOD) со живописни бои кои ги отсликуваат нијансите на небото. EMUI 10.1 сега го воведува 3D Rended Always-on Display, кој ги одделува дигиталните фигури од позадината во повеќеслоен дизајн кој нуди волшебно тродимензионално корисничко искуство. Оваа одлика ќе се примени на повеќе уреди со ова ажурирање. (*Достапноста на оваа функција може да варира во зависност од моделите).
EMUI 10.1 воведува и три анимации за отклучување со отпечаток од прст, инспирирани од елементите на земјата, оган и вода.

Huawei Share

Користењето Huawei Share е подобро од претходно. Оваа одлика првично беше креирана за да ви овозможи лесно и брзо пренесување на фотографии, видеа и други датотеки помеѓу уредите на Huawei. Олеснува пренесување на податоци помеѓу различни типови паметни уреди како што се лаптопи, паметни звучници, таблети и многу други.

Интероперабилност со повеќе екрани 

Оваа одлика е воведена со EMUI 10 и го олеснува поврзувањето помеѓу паметните телефони и лаптопите Huawei, така што и двата уреди можат да се користат истовремено од еден екран. EMUI 10.1. нуди засилени можности на оваа одлична карактеристика, како што се примање аудио и видео повици од вашиот телефон до вашиот компјутер, користење компјутерски апликации за отворање датотеки и хиперлинкови на вашиот паметен телефон, или дури и користење мобилен интернет од вашиот паметен телефон до вашиот компјутер со само еден допир. Оваа непречена соработка помеѓу екраните им овозможува на сите корисници да бидат попродуктивни и поефикасни за време на нивната работа.

EMUI 10.1 исто така вклучува иновации како што се MeeTime, Celia и други, кои постепено ќе станат достапни на различни пазари.

За да ги искористат предностите на карактеристиките што ги нуди EMUI 10.1, корисниците можат да проверат дали ја поддржуваат оваа верзија со тоа што ќе одат во Поставките на нивниот уред: Settings > System & Updated > Software Update или во Support (HiCare) App > Quick Services > More > Update, за да го овозможите ажурирањето.