Honor X10 Max официјално ќе биде претставен на 2 јули
Објавено на 22.06.2020 во Новости
Поголемиот Max модел на смартфонот од високата достапна класа Honor 10X подолго време е предмет на шпекулации, но сега конечно се потврдува дека официјално ќе биде претставен на 2 јули.
Honor 10X Max според досегашните информации ќе располага со 7 инчен Full HD Plus дисплеј, ќе работи со осум-јадрен Dimensity 800 процесор со поддршка за 5G мобилна конекција, ќе има 8 GB RAM, 128 GB основна вградена меморија, главна камера со четири сензори како и батерија со капацитет од 5000 mAh со брзо полнење.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.