Технолошките компании против одлуката на Трамп за блокирање на визи

Објавено на 23.06.2020 во Новости



Технолошките компании против одлуката на Трамп за блокирање на визи

Американскиот претседател Доналд Трамп привремено го блокираше издавањето на визи и работни дозволи за одредени странски работници. Белата куќа соопшти дека со оваа одлука сака да им помогне на американските работници и да поттикне закрепнување на стопанството.

Со тоа не се согласуваат технолошките компании, кои почнале да се бунтуваат. Трамп го блокирал издавањето на H-1B дозвола (вработени со посебни вештини) и L дозвола (за менаџери и специјализирани работници што се вселуваат во компанијата). Технолошките компании најмногу ги користеа овие визи за работници што живеат надвор од САД или да привлечат млади таленти.

Amazon само во 2019 година одобри 3000 такви визи, Google одобрил 2700, а истите визи ги користат и Microsoft, Facebook, IBM, Apple, и многу други технолошки компании. Блокада има и визата H-2B, која се однесува за сезонските работници и J визата за „културна размена“. Администрацијата на Трамп сака со оваа блокада да овозможи 500 илјади работни места за американските работници до крајот на 2020. 
 





Прочитајте повеќе: