Јапонија повторно го има најмоќниот суперкомпјутер на светот

Објавено на 24.06.2020 во Новости



Јапонија повторно го има најмоќниот суперкомпјутер на светот

Јапонскиот суперкомпјутер Fugaku е на прво место од топ листата на Top500 за супербрзи компјутери во светот. Fugaku се наоѓа во покраината Kobe, кој е заеднички развиен од компаниите Riken и Fujitsu.

Fugaku користи Fujitsu 48-јадрен A64FX систем-на-чип процесор, а тоа е воедно и прв пат што компјутерот базиран на ARM процесори, доаѓа на врвот на листата на најбрзи суперкомпјутери на светот. ARM процесорите користат скратена дружина на инструкции (Reduced Instructions Set, RISC), што им овозможува солидни перформанси во мало пакување и мала потрошувачка на енергија и таа технологија е заслужна за брз развој на смартфоните и таблетите.

Fugaku е на првото место со резултат од 415,5 петафлопи, што е за 2,8 пати побрз од Summit суперкомпјутерот на IBM, кој се наоѓа на второто место. Fugaku ќе биде потполно операбилен во идната фискална година, а сега се користи за експерименти за истражување на COVID-19: дијагностика, симулирање на ширење на вирусот SARS-CoV-2 и ефикасноста на новата јапонска апликација за следење на ширење од новиот коронавирус.

Автор: Aleksandar Stankov