Испраќањето пари преку WhatsApp „абортирано“ после 1 недела

Објавено на 25.06.2020 во Новости



Испраќањето пари преку WhatsApp „абортирано“ после 1 недела

WhatsApp минатата недела во Бразил ја претстави новата услуга со којашто на корисниците им овозможува виртуелно испраќање пари преку самата апликација. Тоа требаше да биде тест за ширење на такви опции низ цел свет и влегување на Facebook во светот на финансиите.

Виртуелното плаќање траеше само една недела. Бразилската централна банка му одреди на Facebook да прекине со таквите активности, а Visa и Mastercard да ги спречи сите трансакции. Централната банка соопшти дека Facebook ја почнал услугата без претходно одобрување од централната банка, анализата за влијание врз бразилскиот систем на плаќање,м но и прашањето за приватноста. 

Доколку Facebook и неговите партнери не прекинат со активностите, бразилската централна банка може да им одреди високи парични казни и административни санкции. 

Автор: Aleksandar Stankov