Apple iOs 14 ќе овозможи 4K HD стриминг

Објавено на 25.06.2020 во Новости



Apple iOs 14 ќе овозможи 4K HD стриминг

Корисниците на Apple кои имаат пристап до бета верзијата на оперативниот систем iOs 14 откриваат дека сега е овозможен 4K HD видео стриминг односно приказ на видеата во резолуција од 2160p.

Претходно беше особено видлив недостатокот на 4K HD видеа во YouTube апликацијата за iOs поради различните кодеци кои ги користат Apple и Google, но сега тие разлики се надминати и овозможен е видео стримиг од 4K HD.