Германија му ги помати плановите на Facebook

Објавено на 26.06.2020 во Новости



Германија му ги помати плановите на Facebook

Германскиот врховен суд (Bundesgerichshof) донесе одлука што ќе ја помати водата на Facebook за неговите големи планови. Со пресуда е забрането спојување и споделување на кориснички податоци на сите платформи на Facebook: Facebook, WhatsApp и Instagram, оти на тој начин се злоупотребува доминантната позиција на пазарот.

Одлуката се применува веднаш, а Facebook може да се жали доколку сака. Ова се однесува само за територијата на Германија, но со оглед на тоа што е првата ЕУ земја што носи ваква одлука, сигурно сме дека ќе следува и во цел свет. Целта на Facebook за обединување на своите комуникациски платформи е „полесно да комуницираат меѓусебно, без оглед на тоа која апликација ја користат“.