Viber го „раскина“ деловниот однос со Facebook

Објавено на 27.06.2020 во Новости



Viber го „раскина“ деловниот однос со Facebook

Facebook се најде во проблеми поради својот однос кон актуелната ситуација во САД. Корисниците сфатиле дека социјалната мрежа има двојни аршини во однос на блокирањето на објавите на американскиот претседател Доналд Трамп, а дел поради неможноста за корисниците да ги заштити од говор на омраза.

Некои од најголемите рекламери ги прекинаа своите кампањи на таа социјална мрежа и повикаа на бојкот. Сега Viber e на ред, тој ја прекина соработката со Facebook, кој важи за една од најголемите апликации за размена на пораки. Viber соопшти дека ги прекинува сите деловни односи со Facebook. Ќе го отстрани Facebook Connect, Facebook SDK и GIPHY, како и целосно прекинува со рекламирање на таа социјална мрежа со цел да го поддржи движењето #StopHateForProfit.