Мајкрософт ќе работи само онлајн, ги затвара сите продавници

Објавено на 27.06.2020 во Новости



Мајкрософт ќе работи само онлајн, ги затвара сите продавници

Мајкрософт официјално соопшти дека ги затвара сите продавници, а продажбата, се разбира, продолжува со работа. Компанијата на Бил Гејтс одамна најави промена во стратегијата за малопродажба, а сега очигледно дојде моментот.

Вработените во тој оддел нема да бидат отпуштени, туку ќе се преселат со работа во корпоративните згради на компанијата. Најавено е дека и инвестициите ќе бидат зголемени, како и продажбата на Xbox и Windows. Причината за затварање на продавниците е најмногу поради COVID-19.

Автор: Aleksandar Stankov