Бил Гејтс открива која ќе биде најголемата пречка против коронавирусот

Објавено на 28.06.2020 во Новости



Бил Гејтс открива која ќе биде најголемата пречка против коронавирусот

Милијардерот Бил Гејтс се покажа како добар предвидувач на пандемијата со коронавирусот. Со години предупредуваше дека ќе се појави таква пандемија и сите негови прогнози за ширењето на заразата беа точни.

Во последното интервју за CNN, Гејтс истакна дека најголемата пречка за совладување на пандемијата ќе биде да се наговорат луѓето да ја примаат вакцината. Анкетите покажуваат дека има голем број на луѓе што би ја примале вакцината, а има и такви што ќе ја одбијат. Првите не веруваат во вакцината, вторите се плашат да ја примаат вакцината што не е доволно испитана, а трети веруваат дека Гејтс на тој начин ќе ги микрочипира луѓето.