Марк Цукерберг остана без 7 милијарди долари

Објавено на 29.06.2020 во Новости



Марк Цукерберг остана без 7 милијарди долари

Марк Цукерберг се симна од третото место на листата на најбогати луѓе во светот, веднаш после Гејтс и Безос. Причината е поради пад на вредноста на акциите на Facebook, од што изгубил неверојатни 7,2 милијарди долари.

Сето тоа почнало кога Facebook одбил да ја цензурира објавата на претседателот Трамп, побрзана со претстојните избори и низа протести поврзани со расната нетрпеливост во САД. Цукерберг се бранел дека не сака да ја ограничува слободата на говорот, а факт е дека со неговиот став не се согласиле ниту неговите вработени и бројни корисници, па така сето тоа влијаело врз приходите од рекламирањето.