Samsung подготвува супер евтин 5G смартфон

Објавено на 29.06.2020 во Новости



Samsung подготвува супер евтин 5G смартфон

Samsung Mobile наскоро ќе настапи и во основната класа со квалитетен 5G смартфон кој ќе има пониска цена, а со тоа ќе биде достапен за поширок круг на купувачи при што ќе се потруди да обезбеди и квалитетни перформанси.

За таа цел е планиран новиот Samsung Galaxy A42 кој покрај адутот со 5G мобилна конекција ќе понуди и квалитетен 6,4 инчен дисплеј со Full HD Plus резолуција, ќе има 6 GB RAM, 128 GB основна меморија, главна камера со повеќе сензори и батерија со капацитет од 4000 mAh.