Coca-Cola ги „суспендираше“ социјалните мрежи со реклами

Објавено на 30.06.2020 во Новости



Coca-Cola ги „суспендираше“ социјалните мрежи со реклами

Coca-Cola е најпознатиот глобален бренд за газирани безалкохолни пијалоци, кој официјално објави дека го прекинува рекламирањето на социјалните мрежи воопшто. Тоа е привремена одлука на компанијата, која го направи ова со цел да демонстрира револт поради несоодветно справување на социјалните мрежи со говорот на омраза.

„За расизмот не постои место во светот и на социјалните медиуми. Компанијата Coca-Cola ќе го паузира платеното рекламирање на социјалните мрежи на глобално ниво, барем во наредните 30 дена. Ќе го искористиме ова време за да ги преиспитаме нашите огласувачки политики, со цел да утврдиме дали се потребни ревизии. Исто така очекуваме поголема одговорност и транспарентност од социјалните мрежи кои се наши партнери“, соопшти генералниот извршен директор на Coca-Cola, Џејмс Квинси.

Unilever ја донесе истата одлука, се додека не се стабилизира ситуацијата.