Цените на најмоќните Android смартфони дополнително ќе пораснат следните години

Објавено на 30.06.2020 во Android



Цените на најмоќните Android смартфони дополнително ќе пораснат следните години

Цените на најмоќните модели на смартфони во последниве години константно растат, па така денес цената од илјада долари стана стандард за основниот модел на iPhone Pro или топ моделите на Samsung. Затоа дел од корисниците ја променија тактиката за купување на смартфони и почнаа да купуваат телефони на секои три или повеќе години. 

Многумина се откажаа од купување на најдобрите Apple уреди и скапи Android телефони, па наместо нив ги купуваат најевтините уреди од средна категорија, кои денес се доволно моќни да ги исполнат повеќето кориснички потреби. 

Аналитичарите сметаат дека најмоќните модели на смартфони може уште повеќе да поскапат, а виновник за тоа ќе биде Qualcomm, производителот на чипови што најчесто се вградуваат во Android. Qualcomm планира да го извади Snapdragon 875 процесорот за следната година, кој заедно со чипот за 5G, би требало да чини стотици долари повеќе во споредба со овогодинешниот најмоќен модел Snapdragon 865. Кога станува збор за гласините, нема официјална потврда за зголемување на цените.