iPhone 12 ќе снима врвни 4K HD видеа

Објавено на 01.07.2020 во Новости



iPhone 12 ќе снима врвни 4K HD видеа

Apple ќе овозможи новата генерација на премиум смартфони на iPhone 12 да снима ултра квалитетни видеа со 4K HD резолуција со приказ на 240 фрејма во секунда.

Според трагите во кодот кои се откриени во бета верзијата на оперативниот систем iOs 14 овие новитети во камерата на iPhone 12 ќе бидат достапни веќе наесен.

Исто така на корисниците ќе им биде овозможено да снимаат во 4K HD резолуција при 120 fps како стандарден сетап на видео, или да одберат една од понапредните опции со што треба да имаат во предвид дека така би се зафаќало и повеќе од внатрешната меморија.