Фејсбук е доволно моќен и покрај тоа што го бојкотираа

Објавено на 02.07.2020 во Новости



Фејсбук е доволно моќен и покрај тоа што го бојкотираа

Фејсбук заработи 69,7 милијарди долари од реклами во 2019 година, што е еднакво на над 98% од вкупно сите приходи за 2020 година. Поголем дел од приходите не биле од големите компании, туку од мали и средни бизниси што го користат Фејсбук како евтина алатка да привлечат клиенти.

Вкупно 8 милиони бизниси се рекламираат на социјалната мрежа, објавил Фејсбук. 100-те најголеми брендови потрошиле вкупно 4,2 милијарди долари таму за рекламирање во 2019 година, што се 6% од сите приходи вкупно од реклами. Имаше инцидент пред неколку дена кога „Адидас“, „ХП“, „Форд“, „Унилевер“ „Д норт фејс“, „Кока-Кола“, „Хонда“ и други, соопштија дека го бојкотираат Фејсбук за одреден период, што ја намали вредноста на акциите на берзата.