„Apple не е доминантен, туку помогна сите да се развијат“

Објавено на 02.07.2020 во Новости



„Apple не е доминантен, туку помогна сите да се развијат“

Европската Унија неодамна започна две истраги против Apple - едната е поврзана со системот за мобилно плаќање Apple Pay, а другата истрага е поврана со продавницата за апликации App Store. Се истражува дали ја гуши Apple својата конкуренција, оти нивните правила им оневозможуваат на девелоперите да ги известат корисниците за постоење на поевтини производи во споредба со апликациите што ги има на App Store.

Шефот на одделот за продажба на апликации, Даниел Метреј, изјави дека не само што App Store не и пречи на конкуренцијата, туку ја подобри. Пред Apple да започне со продажба на апликации, немаше ниту едно место каде што сите девелопери ќе може да ги продаваат своите апикации, кои им се сите достапни со само еден допир на екранот. Влијанието на App Store врз пазарот најдобро може да се види во неговиот пораст, каде што се вртат милијарди долари.

Автор: Aleksandar Stankov