WhatsApp доби еден тон новитети и подобрувања

Објавено на 02.07.2020 во Новости



WhatsApp доби еден тон новитети и подобрувања

WhatsApp која е во сопственост на Facebook ќе треба да се потруди да ги убеди корисниците дека и натаму целосно ја гарантира приватноста на комуникацијата со енкрипција. За да ги привлече корисниците WhatsApp лансираше голем број на подобрувања и новитети во мобилната апликација.

Сега корисниците на WhatsApp ќе може да испраќаат анимирани стикери кои ќе бидат забавни и оригинални. Меѓу новитетите е опцијата за скенирање на QR код на профил со што веднаш ќе се сочуваат сите податоци за контактот наместо вие рачно да ги внесувате во именикот.

Исто така WhatsApp овозможи употреба на Dark Mode за декстоп верзијата покрај мобилната апликација, а има подобрување на групните видео повици.