Официјално претставен огромниот Honor X10 Max

Објавено на 02.07.2020 во Новости



Официјално претставен огромниот Honor X10 Max

Huawei преку суб-брендот Honor го претстави новиот огромен смартфон Honor X10 Max кој доаѓа со големина на таблет, односно дијагоналата на IPS  LCD екранот изнесува 7 инчи со Full HD Plus резолуција и HDR10 стандард.

Honor X10 Mаx официјално доаѓа со осум-јадрен Dimensity 800 процесор, поддршка за 5G мобилна конекција, избор од 6 GB и 8 GB, основна вградена меморија од 64 GB или 128 GB, тројна главна камера на задната страна со примарен сензор од 48 мегапиксели, како и 8 мегаписелна селфи камера.

Смартфонот има масивна батерија со капацитет од 5000 mAh, брзо полнење со 22.5W, има избор на црна, сребрена и сина боја на маската, а ќе се продава по цена од околу 250 евра.