Samsung Galaxy Z Flip 5G - Објавени се нови слики

Објавено на 02.07.2020 во Новости



Samsung Galaxy Z Flip 5G - Објавени се нови слики

Фановите на Samsung го очекуваат новиот преклопен смартфон на јужнокорејскиот бренд, кој ќе биде со 5G технологија. На интернет се објавени првите слики што откриваат како ќе изгледа телефонот.

Z Flip под хауба ќе има Qualcomm Snapdragon 855 Plus процесор, 8GB RAM меморија и батерија со капацитет од 2.500mAh. Главниот сензор на камерата ќе биде 12MP, додека ултрашироката камера ќе биде 12MP. Датата кога ќе биде претставен Galaxy Z Flip 5G се уште останува непозната.