Facebook лансира нова кампања што помага во препознавањето на лажни вести

Објавено на 03.07.2020 во Новости



Facebook лансира нова кампања што помага во препознавањето на лажни вести

Facebook почнува нова кампања со којашто ќе се обиде да ги едуцира своите корисници со цел полесно и побрзо да може да ги идентификуваат лажните вести. Во последно време социјалните мрежи се соочуваат со куп лажни вести што што се објавуваат и споделуваат.

Од Facebook истакнуваат дека досега отстраниле многу кориснички профили и вложени се големи средства во отстранувањето и ширењето на лажни вести и информирањето на луѓето, овозможувајќи им поширок контекст на објавите. Компанијата почнува кампања за Европа, Африка, на Блискиот исток за веста:

1. Од каде доаѓа? Ако изворот не е наведен, побарајте го.
2. Што недостасува? Прочитајте го цел текст, а не само насловот.
3. Како се чувствувате? Луѓето што креираат лажни вести се обидуваат да манипулираат со вашите чувства.