Microsoft ќе го освежи изгледот на Windows 10

Објавено на 03.07.2020 во Windows



Microsoft ќе го освежи изгледот на Windows 10

Уште пред неколку месеци од Microsoft најавија дека ќе има промени во Windows 10, а вчера на официјалниот блог прикажаа како ќе изгледаат новитетите и што можеме да очекуваме во иднина. Најголемата визуелна промена се однесува на Start изборникот. 

Start изборникот ќе биде помодерен со минималистички пристап во кој се исфрлени позадинските бои на плочки на кои ги има иконките од апликацијата. На приложените слики може да погледнете дека промените не се радикални, но во споредба со новиот дизајн, стариот изгледа малку хаотично.