Marshal го лансираше најевтиниот премиум Bluetooth звучник

Објавено на 03.07.2020 во Новости



Marshal го лансираше најевтиниот премиум Bluetooth звучник

Еден од најквалитетните производители на аудио опрема Marshal го ласираше најевтиниот премиум Bluetooth звучник кој се продава за цена од 150 долари, што е на пример поевтино од безжичните слушалки AirPods. 

Звучникот Marshal Emberton овозможува преку 20 часа активно слушање музика со едно полнење на батеријата преку USB Type-C конектор, има IPX7 сертификат кој го штити од надворешни атмосферски влијанија, но нема микрофон па така не може да се поврзе со гласовен дигитален асистент за прием на телефонски повици и аудио команди.